Од 29 април 1982 година ширум светот се слави Светскиот ден на танцот и се читаат меѓународните и националните пораки на луѓето нераскинливо поврзани со танцот.
Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на Унеско, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер.
Основната идеја на овој ден е да се потсети јавноста на танцот како уметнички облик на изразување и уживање во неговата универзалност која ги надминува сите политички, културни и етички препреки.
Во неделата во паркот на поезијата во Струга, по повод Светски ден на танцот се оддржа мал концерт на Студиото за танц „БАХ“ од Струга.
Пред многубројната публика Студиото за танц „БАХ“ повторно покажаа дека се квалитетни уметници и врвни професионалци, срцата на присутните ги наполнија со насмевки, позитивна енергија и многу љубов, а присутните возвраќаа со аплаузи и бескрајно воодушевување.
Посакуваме Струга ваква да ја гледаме почесто. Одличен настан! Секоја чест!
Еве мало уживање во дел од атмосфера:
StrugaOnline
Facebook Коментари