Иванов треба да одлучи на кого ќе му го довери мандатот

- Македонија
982

Да го ѝ даде мандатот на втората партија со најмногу освоени пратенички места во Собранието, во случајот тоа е СДСМ, да ѝ го даде мандатот пак на ВМРО-ДПМНЕ (според правната практика од 1992 година кога Киро Глигоров му го даде мандатот на Петар Гошев, а потоа на Бранко Црвенковски од истата партија…)

Иванов

По синоќешната објава од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека со ДУИ не е постигнат договор за коалиција, сега на ред е претседателот Ѓорге Иванов.

Да го ѝ даде мандатот на втората партија со најмногу освоени пратенички места во Собранието, во случајот тоа е СДСМ, да ѝ го даде мандатот пак на ВМРО-ДПМНЕ (според правната практика од 1992 година кога Киро Глигоров му го даде мандатот на Петар Гошев, а потоа на Бранко Црвенковски од истата партија…) За сето ова ништо не е пропишано во Уставот. Тука има уставна празнина и сега сè е оставено на слободното толкување на претседателот Иванов.

Дали претседателот ќе бара толкување од Уставниот суд?

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ сега бара нови избори, но нема кој да ги распише. Собранието е конституирано, но нема претседател.

„Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да му го довери на кандидатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието“, вели членот 90 од Уставот. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

Владата, по предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.“

Толкувањата од експертите, пак, се различни. Едни експерти по уставно право велат дека членот 90 од Уставот не предвидува втор или трет мандатар, а други велат дека на ред е СДСМ. Некои експерти сметаат дека Уставниот суд на Република Македонија има обврска да ја поништи според нив противуставната одлука за давање мандат на некоја друга партија, односно да ја поништи постапката за избор на влада што би се засновала на противуставна одлука за назначување мандатар.

Според познавачите на ситуацијата во врвот, по неуспехот на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ најизвесен излез се нови парламентарни избори во земјава. Напролет или наесен.

Реално е да се очекува и дека ако Иванов не му го даде мандатот на Зоран Заев, како втор со најмногу гласови на изборите, ќе се повторат ланските протести.

Во секој случај нè чека бурна пролет: мандатари, комбинаторики, обвинувања, пазарења, протести…

извор: МКД.мк

Facebook Коментари