Од четврток угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот

- Македонија
320
Денеска на седница на Влада, усвоен е предлог, од 21.01 работното време на угостителските објекти да биде до 21 :00 часот. -информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче додаде дека следната недела откако ќе се анализира епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот.
-Со оваа одлука заршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензиските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети.-информираше премиерот Заев.
Strugaonline

Facebook Коментари