Време-Сончево со мала до умерена облачност

- Македонија
273

Утрото беше ведро и многу студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 0 до 8 степени. Утре ќр биде променливо облачно со малку повисоки утрински температури и со слаб до умерен јужен ветер. На планините во западните делови ќе има услови за повремен снег. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 2 до 9 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари