Од утре ќе се бара писмена согласност од родителите за скрининг на учениците

- Македонија
451

Моделот за скринингот е готов, а од утре ќе започнеме со барање писмена согласност од родителите, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тестирањето кај основците и средношколците требаше да почне оваа недела, но ќе се реализира во текот на следната

– Требаше да започне оваа недела, меѓутоа нешто повеќе траеше анализата на бројот на учениците. Од утре ќе започнеме да бараме, заедно со Министерството за образование, писмена согласност од родителите согласно методологијата. Верувам дека до крајот на оваа недела тоа ќе се обезбеди и од следната недела и практично се спроведе скринингот, рече Филипче.

Тој апелираше до родителите да го прифатат скринингот. Моментално епидемиолошката состојба е мирна, нема трансмисија на вирусот во училиштата, но со скринингот ќе се открие дали има асимптоматски случаи.

 

Facebook Коментари