Османи на состанок со кризниот штаб во Општина Струга, се подготвуваат сет мерки за заштита од вирусот во верски објекти

- Локални, Македонија
1363

Денеска, во просториите на Општина Струга се одржа средба меѓу заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи воедно и Координатор на општинските штабови, со претставници на кризниот штаб на Општина Струга, градоначалникот г-дин Рамис Мерко како претседател на општинскиот кризен штаб, заменик министерот за здраство г –дин Арменд Арслани и преставници од верските заедници.

„На состанокот се разговараше за актуелната состојба и за ситуацијата предизвикана во градот Струга пред неколку дена, се дискутираше за олеснување на мерките и за тоа дека треба да се разгледаaт прекршувањата на препораките на експертите и наредбите на Владата, од страна на граѓаните на Општина Струга.“ – информираат од Општина Струга.

Османи се изјасни дека ќе ја почитува одлуката на ИВЗ земајќи во предвид дека тие веќе имаат подготвено план за вршење на верските обврски во согласност со мерките и препораките на Владата, и дека отворањето на џамиите не треба да се смета за ривалност.

Општинскиот кризен штаб го поддржа мислењето на вицепремиорот и изјавија дека од утре ќе се почне со дезинфекција на верските објекти.

„ Како град каде што смртноста од вирусот е 20% од бројот на заразени, треба да бидеме повнимателни и да ги почитуваме препораките и мерките, со цел да нема  нови случаи  што поскоро да ја надминеме оваа ситуација.“ – истакна заменик министерот за здравство Арменд Арслани

Воедно, градоначалникот Мерко се изјасни дека се што oпштинскиот кризен штаб има преземено досега било во координација со надлежните органи и во интерес на граѓаните и јавното здраство, и дека ќе продолжи да работи спроведувајќи и почитувајќи ги препораките и мерките на Владата и Министерството за здраство.

Извор: Општина Струга

Facebook Коментари