Во 89-тата година од животот, по кратко боледување, ноќеска почина истакнатиот поет, литературен и театарски критичар, есеист и преведувач, Матеја Матевски.
Матеја Матевски е роден 13 март 1929 година во Истанбул, Турција во печалбарско семејство. Своето детство го поминал во Гостивар од чија околина потекнувале неговите родители. Во Гостивар завршил основно учлилиште и два класа во тоа време познато “Граѓанско училиште”. Неговото школување било прекинато за време на војната, но по завршување на војнта своет ошколување го продулжил во гимназија во Тетово, а подоцна во гимназија во Скопје. Во 1949 година заминал за Белград каде своето школување го продолжил на Високата новинарско-дипломатска школа. По извесен прекин студиите ги продолжил во Скопје каде дипломирал на Филозовскиот факултет на групата македоснски јазик и југословенска литература.
По завршување на студиите тој работел како средношколски проферсор, подоцна се вработил како новинар во Македонската радио телевизија, бил продуцент на литературно културната програма а подоцна станува главен продуцент и директор на Радио телевизија Скопје,исто така ја извршувал функцијата претседател на комисијата за културна реализација, бил уредник на книгоиздавачката куќа “Кочо Рацин”. Како гимназијалец (1951-1958) бил уредник на списаснието “Млада литература”, а потоа повеќе година на “Разгледи”, бил професор по Драмска историја на Драмскиот факултет во Скопје.
Матеја Матевски членуваше во многу литературни друштва и различни литературни асоцијации. Беше претседател на Асоцијација на писатели на Македонија, претседател на “Струшките денови на поезијата”, ”Рацинови средби”, Македонската литературна фондација, член на Македонската академија на науките и уметностите, и вице претедател на МПЕН, член на Македонската асоцијација на писатели од 1956 година. Во текот на својата кариера исто така беше дописнички член од Северна Америка на шпански јазик.
На јубилејното, 50-то издание издание на Струшките вечери на поезијата во 2011 година, Матевски ја доби престижната книжевна награда „Златен венец“.
Автор е на стихозбирките: „Дождови“, „Рамноденица“, „Перуника“, „Круг“, „Липа“, „Раѓање на трагедијата“, „Оддалечување“, „Црна кула“, „Завевање“, „Мртвица“, „Внатрешен предел“, „Заминување на светулката“ .
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари