Што е грејс период? Совети како да го искористите за подобро управување со кредитот

- Македонија
305

Мета: Ви треба комплетен водич за тоа што е грејс период и практични совети за користење на грејс период? Прочитајте се за грејс периодот и неговите предности!

Што е грејс период? Совети како да го искористите за подобро управување со кредитот

Кога зборуваме за финансии и задолжувања, често се среќаваме со термини кои имаат значајно влијание врз нашите одлуки. Еден од нив, кој може да ви помогне да избегнете непотребни казни и да добиете дополнително време за плаќање, е грејс периодот.

Но, што е грејс период и како може да се искористи за подобро управување со вашите финансии? Во продолжение, ќе откриеме сè што треба да знаете за овој важен концепт и како може да ви помогне да го максимизирате вашиот буџет.

Сликата е превземена од: freepik.com

Што е грејс период?

Грејс периодот е временската рамка на одложување на плаќањето на финансиската обврска, која е карактеристична за подолгорочните кредити. Овој период обично има за цел да им овозможи на заемопримачите да го стабилизираат својот финансиски статус пред да започнат редовно да ги плаќаат своите обврски.

За време на грејс периодот, заемопримачот може да го одложи плаќањето на ратите без да се соочи со дополнителни казни или камати. Но, тоа зависи од специфичните услови на кредитот.

Дали сите кредити имаат грејс период?

Не. Присуството на грејс период зависи од повеќе фактори, како на пример типот на кредитот и условите што ги нуди кредиторот. Грејс периодот е карактеристичен за хипотекарни кредити, студентски кредити и некои лични кредити.

Сепак, за други кредити, како краткорочен заем или потрошувачки кредит, може да нема грејс период.

Како функционира грејс периодот?

Грејс периодот обично трае од неколку недели до неколку месеци, во зависност од договорените услови. За време на овој период, заемопримачот не е обврзан да ги плаќа месечните рати, но тоа не значи дека не се акумулираат камати.

Каматата што се пресметува во овој период се нарекува интеркаларна камата и обично е пониска од каматата што ќе се пресметува за време на периодот на отплата на кредитот.

Кредитна стапка и грејс период

Кредитната стапка претставува процентот што заемопримачот го плаќа како надомест за користење на позајмените средства. За време на грејс-периодот, корисникот на кредит плаќа интеркаларна камата која е пониска и се применува исклучиво во периодот на отплата на кредитот.

Истата може да биде фиксна и променлива, односно да остане иста за време на целиот период или да се менува според пазарните услови.

Рати за исплата и грејс период

За време на грејс периодот, заемопримачот најчесто не е обврзан да отплаќа дел од главнината на кредитот, туку само интеркаларната камата. Ова значи дека месечните обврски се значително помали во овој период.

Постојат два вида грејс период во однос на ратите:

  • Целосен грејс период: Не се плаќа ниту главнина ниту камата (каматата се додава на главниот долг).
  • Делумен грејс период: Се плаќа само камата, додека исплатата на главнината започнува по завршувањето на грејс периодот.

На пример, ако кредитот е 10.000 евра со рок на отплата од 5 години и 6-месечен грејс период, заемопримачот во првите 6 месеци ќе плаќа само камата.

Рок на исплата и грејс период

Грејс периодот директно влијае на вкупниот рок на отплата на кредитот.

  • Во некои случаи, грејс периодот е вклучен во вкупниот рок на кредитот (На пример, ако кредитот е со рок од 5 години и 6 месеци грејс период, реалната отплата на главнината ќе трае 4,5 години).
  • Во други случаи, грејс периодот се додава на вкупниот рок на кредитот (5 години + 6 месеци грејс период = 5,5 години вкупно).

Паричен надоместок во време на грејс период

Некои финансиски институции може да наплатат дополнителен надоместок за користење на грејс период. Овој надоместок може да биде:

  • Фиксен износ што се плаќа еднократно при одобрување на кредитот.
  • Процент од износот на кредитот што се додава на вкупниот долг.

Одобрување на кредит и грејс период

Условите за грејс период се договараат при одобрување на кредитот и зависат од неколку фактори:

  • Финансиската состојба на заемопримачот
  • Намена на кредитот
  • Политиката на заемодавачот

Финансиските институции често бараат дополнителни гаранции или поголема каматна стапка по завршувањето на грејс периодот за да го компензираат ризикот од одложено плаќање на главнината.

5 Практични совети за користење на грејс периодот

Грејс периодот може да биде корисен финансиски инструмент ако сте добро информирани како истиот функционира. Со цел да ви помогнеме во тоа, во прилог ви представуваме неколку практични совети за користење на грејс периодот:

 

  • Искористете го грејс периодот за стабилизарање на паричниот тек пред започнување со редовна отплата.
  • Доколку кредитот е наменет за бизнис, грејс периодот може да се искористи за инвестирање во проекти што може да донесат поголем приход во иднина.
  • Не заборавајте на крајниот рок на грејс периодот – по завршувањето, започнува отплатата на главнината и каматата. Издвојте дел од средствата за отплата пред завршувањето на грејс периодот за да си го олесните отплаќањето на месечната рата.
  • Доколку постои можност, искористете го плаќањето на каматата за време на грејс периодот за да избегнете нејзино акумулирање кон главнината.
  • Искористете го грејс периодот како период за финансиско реструктурирање наместо за одмор од финансиските обврски.

 

Сликата е превземена од: freepik.com / Автор: wayhomestudio

Заклучок

Што е грејс период е прашање на кое секој заемопримач треба да има јасен одговор пред да се одлучи за кредит. Овој период претставува привремено олеснување од отплатата на главнината на кредитот, овозможувајќи финансиска флексибилност и време за подобро управување со паричните текови.

Важно е заемопримачите да разберат како се пресметува интеркаларната камата, кои се условите на кредитот и како правилно да го искористат овој период за долгорочна финансиска стабилност. Со добро одговорно планирање, грејс периодот може да стане ефикасен инструмент за успешно справување со кредитните обврски.

Facebook Коментари