Денеска е 1. декември, денот кога ја одбележуваме солидарноста со луѓето што живеат со ХИВ.
Според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) согласно постоечката евиденција на пријавени случаи заклучно со 31-ви октовмри 2023 година, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Македонија, за периодот 1987-2023 година, изнесува 631, а од нив, согласно податоците со кои располага ИЈЗ 125 лица починале, а 506 лица живеат со ХИВ/СИДА.
Во билтенот за заразни болести од 9 ноември годинава ИЈЗ објави дека во текот на месец октомври, пристигнати се пријави за четири новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА. Од анализата на пристигнатите пријави се забележува дека лицата се на возраст од 25-54 години, а три лица се од машки пол. Две од пријавените лица се регистрирани од Кочани, додека другите во останатите градови. Во однос на веројатниот ризик за стекнување на ХИВ инфекција, регистрирани се по две лица со хетеросексуална трансмисија и од МСМ популацијата.
Во текот на месец октомври, регистрирани се два смртни случаи од ХИВ/СИДА, еден смртен случај на лице пријавено во 2022 и еден смртен случај од новорегистрираните лица во месец октомври 2023.
Facebook Коментари