Лев банер Десен банер

Приведено лице од с. Враништа и с. Шум, управувале возило без положен возачки испит

На 24.04.2026 во 04:10 часот на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Н.Д.(28) од с.Враништа, струшко. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки, било констатирано дека го управувал возилото, без положен возачки испит. Возилото е одземено по насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 23.04.2026 во 20:30 часот на магистралниот пат во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.А.(29) од с.Шум, струшко. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки, било констатирано дека го управувал возилото, без положен возачки испит. Возилото е одземено по насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: