Лев банер Десен банер

ЖРК Струга брка 6 од 6: Утре се игра „условен“ домашен меч против ЖРК Кичево во Кичево

Во рамките на 18. коло од Пионерската лига, екипата на ЖРК Струга ќе настапи како условен домаќин, но натпреварот ќе го одигра на гостински терен против ЖРК Кичево.

Поради заменетите терени во есенскиот дел од сезоната, стружанките ќе „домаќинуваат“ во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево. Од клубот велат дека целта останува јасна – задржување на перфектниот скор во пролетниот дел од сезоната.

„Одиме на 6 од 6 и сакаме да ја продолжиме победничката серија“, порачуваат од ЖРК Струга.

Натпреварот ќе се одигра утре, сабота (25 април 2026 година), со почеток од 16:00 часот.

StrugaOnline

error: