Триесетина бармени од цела Македонија ќе се обидат да ја освојат титулата за најдобар бармен

Оваа година на 28 март ќе се одржи десетото јубилејно Првенство на бармени во Македонија. Триесетина бармени од цела Македонија ќе се обидат да ја освојат титулата и да не претставуваат на Светското првенство на бармени во Копенхаген, Данска.

Бармените ќе се натпреваруваат во две категории, класична подготовка на коктели и „флертендинг“ што подразбира жонглерски акробации со барската опрема. Натпреварот е поделен на два дела, квалификации и финале во кое учество ќе земат најдобрите 12 натпреварувачи. Натпреварувачите се оценуваат од две комисии, технички судии и „тестинг“ судии.

Новина оваа година е што натпреварувачите треба да подготват коктел во категоријата во која ќе се натпреваруваме на Светското првенство на бармени, односно категоријата Long Drinks.

Првенството е од отворен карактер, и може да присуствуваат сите заинтересирани, да научат нешто ново или пак да ги подржат најдобрите бармени во Македонија.

Facebook Коментари