УХМР за утре најавува врнежи од дожд, снег, засилен ветер и заладување

- Македонија
438

Под влијание на циклонска активност и на влажен и студен воздушен бран, утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови каде се очекува локално да наврнат околу 15 л/м2 воден талог. Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува над 60км/ч, а температурата ќе се намали за 6 до 8 степени во споредба со денешната. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.

Извор: УХМР

Facebook Коментари