Време: Променливо облачно со врнежи од дожд

- Македонија
334

Променливо облачно со врнежи од дожд, кои најдолго ќе се задржат во источните делови каде на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во останатите подрачја се очекува врнежите да престанат до пладне или рано попладне, но преку целиот ден на повеќето места ќе има зголемена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен јужен ветер.  Утре ќе биде  сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој во западните делови на места ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 24 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари