Тринаесет години без Тоше

- Македонија
410

Денеска се навршуваат тринаесет години од  смртта на најголемата македонската и бакланска музичка sвезда,  Тоше Проески.

Тоше загаина на денешен ден во 2007 ма година во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка, Република Хрватска.

Имаше исклучително успешна кариера, а освен по вонсерискиот глас, ќе остане запаметен по безбројните хумани дела.

И оваа година во спомен на Тоше Проески вкупно десет маратонц трчаат и денеска на пладне  ќе пристигнат во Крушево.

Заради пандемијата со коронавирусот оваа година маратонот  се одржува на територија на Северна Македонија, поточно од преминот Табановце, преку Скопје и се до Крушево. Двајца претставници на маратонците ќе истрчаат симболични 10 километри во Нова Градишка, Хрватска, и таму ќе положат цвеќе во спомен на музичката ѕвезда.

„И оваа година ќе го одбележиме овој тежок ден за Крушево, државата и Балканот. Ќе ги пречекаме маратонците и заеднички ќе оддадеме почит на нашиот сограѓанин, пејач и амбасадор. Драго ми е што годинава ќе положиме цвеќе на веќе изграденото гробно место и Тоше конечно ќе има достојно почивалиште“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Strugaonline

 

Facebook Коментари