Време-Променливо облачно со врнежи од дожд, утре пад на температурите

- Македонија
277

Денеска ќе преовладува  променливо облачно време, попладне во западните делови со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот од запад ќе се прошири облачност од која ќе започнат врнежи од дожд. Максималната дневна т6емпература ќе се движи во интервал од 10 до 17 степени.

Утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места и особено во јужните делови ќе бидат пообилни. На планините на северозапад ќе врне снег, а понекаде на повисоките места дождот ќе преминува во снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 5 до 11 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари