20 возачи во Струга казнети поради брзо возење

- Локални
382

При сообраќајни контроли извршени на 11-ти октомври 2021 година од 13:00 до 19:00 часот, полициските службеници регистрирале и санкционирале 38 возачи на патнички и други моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење во населено место (Охрид 9, Струга 20 и Кичево 9) како и 25 возачи кои, надвор од населено место, возеле со поголема брзина од дозволената.

– Во Дебар, полициските службеници контролирале 20 патнички возила и санкционирале 3 возачи кои извршиле престигнување на непрегледно место, информираат од СВР Охрид.

Facebook Коментари