Задолжителното носење маски на отворено стапува на сила

- Македонија
89

Задолжително носење маска на отворено, задолжителна самоизолација на оние кои чекаат тест за коронавирус, забрана за групирање на јавен простор  прифати собраниската Комисија за здравство по предлог на пратениците од власта.

Казна од 20 евра ќе плати секој што надвор ќе се шета без заштитна маска или марама, дури и ако е сам, предвидуваат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести што Собранието ги усвои синоќа. Тие ќе стапат во сила по објавувањето во „Службен весник“.

Законот предвидува да се носи респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично при:

– излегување надвор од домот, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип;
– на пазари;
– во јавен превоз;
– при влез во затворени простори (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекалници, здравствени установи и слично).

Заштитна маска не мора да носите ако:

– спортувате на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);
– се возите во приватно патничко моторно возило, ако возачот е сам или со лице/лица со кој/кои живее во заедница;
– престојувате во двор на семејна куќа, сам или со лице/лица со кој/кои заедно живее во заедница;
– седите во угостителски објект со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);
– користите друг тип заштитна опрема специфична за определено работно место;
– ако лицето е помладо од 6 години (дете);
– ако имате специфична здравствена состојба, лицето е со посебни потреби или со пречки во развој, поради што носењето лична заштита на лицето би било проблематично или контраиндицирано.

Facebook Коментари