За припадниците од муслиманска вероисповед започнува светиот месец Рамазан – месец на интензивни молитви и пост од изгрејсонце до зајдисонце.
Рамазанскиот пост ќе трае 29 дена, односно до 3-ти јуни. Во тој период верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.
Лесен пост на верниците им посака и струшкиот градоначалник Рамис Мерко.
„Во пресрет на Рамазан, месец кој симболизира жртва, побожност, хуманост, милост, прошка и поклонетост, дозволете ми во мое лично име и во име на Општина Струга да им посакам на сите граѓани и верници на исламската вера убав дочек на овој свет месец. Нека овој благословен месец ни послужи да одразиме мир, толеранција, почит, солидарност и хуманост. Ви посакувам лесен пост и прифатени молитви.“ – напиша Мерко
Рамазан е деветти месец од лунарниот календар, кој се смета по Месечината, а не по Сонцето. Тоа значи дека секоја година постот почнува 10 или за престапната година, 11 дена порано.
Strugaonline
фото: aрхива
Facebook Коментари