Екипата која го организира овогодишниот избор за песна на Евровизија е во серизни проблеми откако голем број од вработените дадоа откази, па сега се поставува дилемата дали ќе се успее да се испочитуваат роковите.
Евровизија оваа година треба да се одржи во Украина. Од Европската радиодифузна мрежа (ЕБУ) велат дека 21 член на украинскиот јавен сервис дал отказ, вклучувајќи и двајца извршни продуценти.
Поради ова од ЕБУ ги потсетија украинските колеги дека мораат да се придржуваат до планот и да ги испочитуваат роковите. Засега не се спомнува опцијата да се одложи Евросонг, кој според планираното треба да се одржи во Киев во мај.
Facebook Коментари