RAVITEZ заедно со AFROJACK на OHRID CALLING 2017!

- Забава, Музика
1516

На првиот фестивалски ден на кој како главна ѕвезда ќе настапи популарниот AFROJACK, шоуто ќе го отвори младиот и талентиран диџеј RAVITEZ.

DJ RAVITEZ е млад диџеј од Холандија, чија кариера започнува пред 7 години. Неговата работа и страст кон музиката првично ја забележува тимот на Nicky Romero од Protocol Recordings, а потоа и AFROJACK кој го зема во неговиот тим, давајќи му привилегија да ја дели сцената со некои од најголеми имиња на светската електронска сцена и со него е придружуван на турнеите по светот и фестивалите како: Ultra Music Festival (Мајами), Tomorrowland (Белгија), EDC (Лас Вегас), Untold Festival (Романија) и многу други.

Билетите за фестивалот OHRID CALLING ќе бидат пуштени во продажба од понеделник (24.04.2017)

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари