СОУ „Нико Нестор“ и Црвен крст-Струга и оваа година организираа заедничка хуманитарна акција наменета за учениците од специјалните паралелки во OУ „Браќа Миладиновци“ .
Најчесто, по повод Нова Година изминативе години хуманитарниот тим обезбедуваше новогодишни пакетчиња, но оваа година во консултација со учениците од специјалните паралелки и нивните наставнички одлучија да им обезбедат работен материјал кој вклучува хартија во боја, темперни бои, моливи и друг материјал неопходен за училишните активности.
Средствата за оваа хуманитарна акција ги обезбедија хуманите ученици од СОУ „Нико Нестор“ кои во соработка со Црвен Крст- Струга организираа хуманитарен базар.
Strugaonline
Facebook Коментари