Лев банер Десен банер

Ана Стојаноска примена од градоначалникот Менди Ќура: Општина Струга ќе ја награди младата претставничка на Детската Евровизија

Младата стружанка Ана Стојаноска, која ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија, денеска беше примена од градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, кој ѝ упати честитки за нејзиниот настап, талент и посветеност.

На средбата, градоначалникот истакнал дека Ана е гордост за Струга и дека нејзиното учество на големата европска музичка сцена претставува значаен успех, како за неа лично, така и за целиот град.

Од Општина Струга посочуваат дека Ана е победничка без оглед на конечниот пласман, бидејќи со својата храброст, труд и талент успеала достојно да ја претстави државата пред европската публика.

Како признание за нејзиниот успех и посветеноста, Општина Струга најави дека ќе ѝ додели и финансиска награда.

Градоначалникот Ќура нагласил дека Ана ја има целосната поддршка од Општината, а нејзиниот успех треба да биде поттик и инспирација за другите млади таленти од Струга да веруваат во своите способности и да ги следат своите соништа.

Од Општината упатија и желби Ана да продолжи да го развива својот музички талент и да постигнува нови успеси, но пред сè да има среќно и безгрижно детство, исполнето со радост, пријателства и убави моменти.

„Браво, Ана! Ти ни подари причина за гордост, а ние ти посакуваме живот исполнет со причини за среќа. Струга е горда на тебе“, порачуваат од Општина Струга.

StrugaOnlime

error: