Два дерби натпревари овој викенд за ЖРК „Струга“: Пионерките против „Илинден Вардар“, сениорките во градско дерби со „Стружанка“
Пред ракометарките на ЖРК „Струга“ претстои натпреварувачки викенд исполнет со два интересни дерби-дуели, во кои и пионерките и сениорките ќе имаат сериозни предизвици.
Пионерската екипа на ЖРК „Струга“ во сабота ќе гостува кај екипата на „Илинден Вардар“, во натпревар кој привлекува особено внимание поради одличниот старт на двете екипи. Имено, двата тима досега имаат максимален учинок од четири победи на четири одиграни натпревари, па се очекува неизвесен и квалитетен дуел. Натпреварот е закажан со почеток во 16:00 часот.
Возбудувањата продолжуваат во недела, кога сениорскиот состав на ЖРК „Струга“ ќе го одигра градското дерби против големиот ривал ЖРК „Стружанка“. Натпреварот ќе започне во 14:00 часот во спортската сала „Тими“ во Струга.
Два важни натпревари се пред струшките ракометарки, кои ќе имаат можност да го покажат својот квалитет и да се борат за нови бодови во своите конкуренции.
Кој не е во можност да гледа во живо може натпреварите да ги гледа онлајн на следниве линкови:
StrugaOnline

