Максимален испуст на вода од Охридското езеро во реката Црн Дрим
По одржаната седница на Регионалниот штаб за управување со кризи-Охрид, во врска со најавениот засилен ветар и врнежи во охридската котлина, донесени се заклучоци за преземање на соодветни мерки за превенција. Се врши максимален испуст на вода од Охридското езеро во реката Црн Дрим а извршено е и пренасочување на река Сатеска директно кон река Црн Дрим. За состојбата известени се угостителските објекти кои се лоцирани близу крајбрежјето на Охрид и Струга.Ќе се врши засилена контрола на патниот правец Струга-Дебар во с.Луково поради зголемениот истек на вода од испустот на браната Глобочица.

