Лев банер Десен банер

Привремен сообраќаен режим во Струга во понеделник поради снимање филм

Граѓаните и возачите во Струга во понеделник, 28 септември, треба да бидат внимателни поради воведување привремен режим на сообраќај на дел од улицата „Боро Каланџиески“.

Од 06:30 до 08:00 часот ќе биде воведен привремен режим на сообраќај на еднонасочниот дел од улицата, пред поранешните бараки на Општина Струга, односно кај објектот на УЈП Струга.

Од надлежните упатуваат апел до граѓаните во наведениот период да не ги паркираат своите возила на улицата пред и спроти бараките на УЈП Струга.

Привремениот изменет режим и забраната за паркирање се воведуваат поради снимање сцени за филмот „Сè што беше остана приказна“, во режија на Лидија Мојсовска, а во продукција на „Минимал Колектив“.

Од надлежните ги повикуваат граѓаните и возачите на разбирање и соработка додека трае снимањето и привременото ограничување на сообраќајот.

Изменетиот режим ќе важи само во периодот од 06:30 до 08:00 часот во понеделник, 28 септември.

StrugaOnline

error: