Започна со работа летниот шанк „Галеб“ во Струга

- Локални
2065

Топлите денови (иако календарски се’ уште е пролет)  ја разбудија Струга, па се чини летната сезона веќе започна. Денеска започна со работа и летниот шанк „Галеб“, едно од омилените места на стружани за кафе покрај вода, одмор, забава и релаксација. На овој летен шанк се случуваат средбите со пријатели и започнуваат денските и ноќни дружби кои ќе го одбележат претстојното лето 2018-то.

 Секој граѓанин на Струга има свое омилено место кое му буди но и гради спомени.Важно е Струга и годинава да има успешна летна сезона, да ја искористи убавината која и ја дала природата, а граѓаните на Струга и туристите да имаат по што да го паметат ова лето кое доаѓа.

Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари