Охриѓани покажаа голем интерес за предавањето на Јане Петков-„човекот амфибија“ кое во организација на Црвен крст Охрид вчера се одржа во просториите на Црвен крст Охрид. Јане Петков на присутните им презентираше техники на трифазно и четирифазно дишење, како и вештини на користење на мислата и концентрацијата при изведување на неговите подвизи во препливување на водени површини врзан за рацете и нозете со ланци и во вреќа, без користење на никакви помагала.
На 24-ти јули , во водите на Охридското езеро Петков ќе се обиде да направи подвиг за Гинис. Ќе треба да преплива должина поголема од 3,5 км, а со тоа и да постави нов Гинисов рекорд во Охридското езеро, врзан со ланци и во вреќа.
Јане Петков е роден во 1954 година, а веќе го постави Гинисовиот рекорд во препливување врзан со ланци и во вреќа во должина од 2.388 метри, за време од 2 часа, 55 минути и 47 секунди, токму ва Охридското Езеро, на патеката Горица-Градско пристаниште Охрид во септември 2013 година.
Сегашниот Гинисов рекорд во пливање врзан со ланци го поставил Индиецот Гопал Карви со препливани 3.071 метри во Индискиот океан на први декември 2013 година.
Strugaonline
фото: Црвен крст Охрид
Facebook Коментари