На 27 јули 2018 година, во склоп на шестото издание на фестивалот „ДРИМОН“ беше промовирано собраното творештво на познатиот писател Димирие Дурацоски од Струга.
Станува збор за ре-изданија на познатите дела „Тајна историја црни пророци“,Бели сенки,далечни гласови“ и „Инсомниа“.
Творештвото на Димитрие Дурацоски е од исклучително значење за македонската литература.Сосема заслужено, Дурацоски е добитник на бројни книжевни награди и признанија во Македонија и надвор од нашите граници.За романот „Инсомниа“објваен 2001 година, Димитрие Дурацоски ја доби престижната награда „Рациново признание“.
Промоцијата се одржа во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“во Стругa. Дурацоски е познат сликар и писател, добитник на Наградата „8-ми Ноември“ на град Струга во 1988 година, од областа на културата и уметноста. Од 1988 година е член на Друштвото на писатели на Македонија. Во текот на изминатите години реализирал повеќе самостојни изложби и соработувал со многу домашни и странски ликовни уметници.
За делата на Дурацоски говореа : Живко Грозданоски, Никола Гелевски, Оливера Ќорвезироска, Елизабета Шелева и Тихомир Јанчовски.
Промоцијата беше во организација на „ДримОН“ во соработка со издавачката куќа „Темплум“.
Strugaonline
фото: ДримОН
Facebook Коментари