Повозрасните лица од Струга и Охрид наскоро ќе играат танго

- Локални
1211

На повидок е уште едно убаво дружење наменето за  повозраснитe сограѓани, родители, роднини, баби и дедовци од Струга. Овојпат тоа е преку тангото!
Оваа активност е дел од под-проектот „И старите можат“ кој е спроведуван од Локалната агенција за развој од Струга која е членка на Мрежата Инклузива М за социјална инклузија на старите лицата од трета доба во Република Македонија од 2016 година.

Тангото ќе донесе радост, но и многу здравствени придобивки за лицата над 60 години.

„Здравствени придобивки од танцувањето танго се огромни. Танцувањето цели на шест области кои се сметаат важни во зголемувањето на квалитетот на животот и за успешно стареење: физички вежби,  социјално задоволство, духовност и свесност, когниција, давање смисла и емотивно и едукациско здравје.
Иако сите видови танц ги овозможуваат некои од придобивките, аргентинското танго, посебно, има документирани докази за подобрувања како кај здрави лица така и кај лица на третман. Комбинацијата од танго музиката, чувството на постигање цел и вниманието потребно за следење на танго чекорите го прават тангото посебно за подобрување на когнитивното и физичкото здравје. Дополнително, со оглед на тоа дека тангото е танцување со чекорење, тој полесно се учи и изведува споредено со другите танци, и со оглед на тоа дека се охрабрува менувањето партнери, запознавањето со луѓето од танго заедницата е полесно.“ -информираат од Локалната агенција за развој

Под-проектот се спроведува во рамки на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица” поддржан од од Европската унија, со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој и Австрискиот црвен крст, кој Црвениот крст на РМ во Македонија го спроведува во заедничко партнерство со здружението „Хуманост.„

Локалната агенција за развој од Струга наскоро ќе ги објави датумите за почеток на часовите за танго во Струга и Охрид.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари