Приведен прилепчанецот кој малтретираше животни

- Хроника
768

Веста за прилепчанец кој во центарот на Прилеп истурал боја врз куче и го влечел за едната нога ја разбранува јавноста и предизвика револт кај сите граѓани, а посебно кај љубителите на кучиња.

Во денешниот билтен за овој случај, МВР објави дека  вчера во  19,00 часот во Полициска станица Прилеп лице од Прилеп пријавило дека околу 16,30 часот непознато машко лице малтретира животно на градскиот плоштад во Прилеп. Истиот истурил црвена боја врз куче и започнал да го влече за едната нога. По пријавување на настанот изезено е на местото на настанот каде што е извршен увид. По преземени мерки полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп од слобода го лишиле М.М.(56) од Прилеп. Со лицето е извршен разговор, по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “мачење животни” казниво по член 233 од Кривичниот законик на РМ.

Извор: МВР

фото: Facebook

Strugaonline

Facebook Коментари