Вечерва со почеток во 19:00 часот, во големата сала на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе се изврши проекција на филмот „Голијат”. Филмот е дел од проектот Ревија на европскиот филм и влезот е бесплатен.
„Голијат“ е швајцарска драма со времетраење од 85 минути. Во главната улога е Свен Шелкер, познат по улогата во „Кругот“, швајцарски кандидат за „Оскар“ во 2015, филм за кој ја доби и Швајцарската филмска награда за најдобар актер истата година. Играат и Јасна Фрици Бауер, Адриан Фурер, Хозе Барос.
Љубовта на Давид и Џеси е ставена на тест кога Џеси ненамерно останува бремена. Помислата дека Давид ќе стане татко му предизвикува паника. Кога тие ќе бидат нападнати во возот, Давид не може да ја заштити својата девојка, со што му се потврдува неговиот страв дека тој не е прав маж за да се грижи за нив. Во очај, Давид почнува да зема стероиди поради што станува агресивен, станува закана за неговата девојка и за нероденото дете.
Strugaonline
Facebook Коментари