Настани во рамките на „Наш фестивал“ утре во Охрид

- Локални
864

Во рамките на второто издание на „Наш Фестивал“ Локалната агенција за развој-Струга ќе организира  неколку настани во охридскиот Центар за култура.

Утре , ( 30-ти  ноември)  ќе се одржи  модна ревија, ќе има куклен театар и  ликовно катче. Во рамките на фестивалот, ќе се одржи  презентација на традиционална храна и пијалоци, а ќе настапат и неколку фолклорни групи.
Оваа активност е дел од „Ynё Bizim Nostru Наш Amaro Naš Festival” кој е поддржан во рамките на проекттот „Декада на припадност – Славење на различностите“, чија цел е да придонесе за подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор.

Инаку, второто издание на „Наш фестивал“ започна на 24-ти овој месец, во Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари