Екипите на ЦЈЗ во домашни посети на немоќни граѓани

- Локални
683

Поради студениот бран кој деновиве го зафати нашиот регион Центарот за јавно здравје потсетува на општите препораки и начини како да го заштитите своето здравје во овие зимски денови.

„Напоменуваме дека, доколку се чувствувате немоќни да дојдете во просториите на Центар за јавно здравје Охрид, а имате потреба од лабораториски микробиолошки услуги, нашите мобилни тимови се подготвени да ве посетат во вашиот дом во Охрид за да ги обават потребните услуги и ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа.
Доволно е само да се јавите на еден од нашите телефони 046 231-030 или 078 488-255, секој работен ден, од 08:00 до 13:00 ч. каде ќе дадете податоци за вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши согласно уредно издаден упат од матичен лекар.“ – информираат од ЦЈЗ

Strugaonline

 

Facebook Коментари