Градоначалникот Мерко и тимот на „Проаква“ со Божиќни честитки до граѓаните

- Локални
1001

По повод Бадник и големиот христијански празник Божик,  градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко, на сите верници од православна вероисповед им ги честита Божиќните Празници.

„Ви посакувам многу љубов, среќа, хармонија, здравје и благостојба.Нека овие празници ве најдат дома со весела атмосфера меѓу најблиските и најсаканите и нека бидат почеток на една береќетна година.“ – напиша Мерко во честитката.

Честитки упати и тимот на МЈП „Проаква“ Струга.

„Овие празници нека донесат во вашите семејствата многу среќа, здравје и љубов , сите да сте заедно со вашите најсакани во вашите домови во пријатна атмосфера и на ваков убав начин нека ви продолжи целата година. “ – велат од претпријатието.

Strugaonline

Facebook Коментари