ВМРО ДПМНЕ својот претседателски кандидат ќе го промовира во Струга, на 16-ти февруари

- Локални, Македонија
906

На партиска конвенција, која ќе се одржи во Струга на 16-ти февруари, ВМРО-ДПМНЕ ќе го соопшти името на кандидатот за претседател на Република Македонија, објави синоќа на Тв Телма Игор Јанушев, Генерален секретар на партијата.

Тој демантираше дека доколку не добијат предвремени парламентарни избори, ќе ги бојкотираат претседателските.

– Бараме предвремени парламентарни избори и бараме веднаш да се распишат. Нашите идни чекори на делување ќе зависат од одговорите на власта, но во никој случај нема да ги бојкотираме претседателските избори. Без разлика, ако одиме на претседателски и парлементарни избори ќе ги добиеме двата, ако одиме само на претседателските, ќе ги добиеме претседателските избори, рече Јанушев.

Извор: Тв Телма/ ОхридПрес

фото: архива

 

Facebook Коментари