Хидроелектраните „Шпилје“ и „Глобочица“, кои го сочинуваат хидроенергетскиот систем(ХЕС) „Црн Дрим“ во 2018 година произвеле околу 600 милиони киловат часови електрична енергија, што е за над 60 отсто повеќе споредено со производството во 2017 година.-информираат од АД Електрани на Македонија.
Во ХЕ„Шпилје“,кај Дебар произведени се 368,4 милиони киловат часови електрична енергија, или 54 отсто над планираното и речиси 2,5 пати повеќе од произведеното во 2017 година,кога беа испорачани 158,6 милиони квч.
Во ХЕ„Глобочица“ кај Струга произведени се 230,2 милиони квч,што е 53 отсто над планираното и речиси 2,5 пати повеќе во однос на 2017 година,кога беа испорачани 97,6 милиони киловатчасови. Како резултат на исклучително поволната хидрологија,како и подготвеноста на електромашинската опрема, годишниот план двете хидроелектрани го реализираа уште во месец мај 2018 г.
Извор и фото: АД Електрани на Македонија
Facebook Коментари