Промоција на новата книга на стружанецот Ненад Јолдески во Скопје

- Локални, Македонија
803

На 26.01.(сабота) од 20.30 во Кино Култура во рамките на манифестацијата АртАреа ќе се промовира новата книга на Ненад Јолдески насловена „Пливање спротиводно“. Промотор ќе биде Андреј Јованчевски, а изданието на книгата е од издавачката куќа „Или- или“
Се работи за 168 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на Или-Или. Авторот на две книги раскази (Штамата на Енхалон, 2009 и Секој со своето езеро, 2012) и добитник на Европската награда за книжевност (2016) овој пат се јавува со еден кус роман или новела, за која во поговорот Катица Ќулавкова напиша:
„Ненад Јолдески ги покажува своите вештини на опишување на урбаните и природните амбиенти и пејзажи, особено оние кои го сигнализираат нескриено присуството на Струга и струшкото крајбрежје. Тој ни нуди едноставна, но современа нарација која е интимно поврзана со неговото струшко-македонско ментално битие од каде што тој поаѓа во освојување на книжевниот свет и каде што се враќа за да му даде смисла на тој свој свет. Се враќа постојано назад, а всушност продолжува напред, преосмислувајќи ги парадигмите на враќањето врз параболата на јагулите. Раскажувајќи ја македонската сага врз предлошката на јагулите, на Охридското Езеро на Дрим. Река која не исчезнува“.

Strugaonline

Facebook Коментари