Во текот на изминатот викенд, полициски службеници на СВР Охрид спроведоа зајакнати акциски контроли во сообраќајот.
– Контролирани беа вкупно 179 патнички и други моторни возила (во Охрид-38, Струга-43, Кичево-48 и Дебар-50), и вкупно 109 возачи беа алкотестирани (во Охрид-27, Струга-30, Кичево-33 и Дебар-19) пришто, кај вкупно 10 возачи на моторни возила беше констатирано присуство на алкохол во крвта (Охрид-2, Струга-1, Кичево-4 и Дебар-3). Тие веднаш се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи. Полициските службеници евидентирале 10 случаи на пречекорување на брзината на движење во населено место. По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 20 мандатни платни налози (Охрид-2, Струга-12, Кичево-4 и Дебар-2) како и вкупно 13 барања за поведување прекршочна постапка (Охрид-2, Струга-4, Кичево-4 и Дебар-3). Акцискате контроли беа спроведена со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, информираат од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари