Aзбестните цевки се заменуваат со нови, неколку улици во Струга ќе бидат привремено затворени

- Локални
951

Градоначалникот на Општина Струга, г.Рамис Мерко заедно со неговиот тим, денска започна да  реализира еден од најважните проекти за градот  Струга. Овој проект има за цел да ги замени старите азбест цевки во сите области на општина Струга со нови PVC цевки со капацитет два пати поголем од старите кои не беа сменети воопшто последните четриесет  години.

Во првата фаза на проектот ќе се сменат цевките на улицата Партизанска почнувајќи од кружниот тек кај старата автобуска станица, до кружниот тек кај женска плажа.

„Иако целиот проект е многу важен, не е случајно тоа што оваа фаза беше поставена како прва фаза, бидејќи овој пат се протега кон брегот на Охридското Езеро каде што паралелно ќе се гради шеталиштето и овој дел е многу важен за развојот на туризмот со олгед на тоа дека летната сезона се приближува.“ – велат од Општина Струга.

Од таму додаваат  дека во текот на реализијата на горенаведените проекти, ќе има застој односно неколку улици и тротоари ќе бидат привремено затворени.

„Ве молиме да бидете трпеливи и да имате разбирање.“ – апелираат од Општина Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари