Одложен Кошаркарскиот куп на Македонија – еден од загинатите е кошаркар од клубот „Гостивар“

- Македонија
755

Македонската кошаркарска федерација информира дека поради големата несреќа која се случи вчера се одложува одржувањето на завршниот турнир од Купот на Македонија. Помеѓу загинатите во сообраќајната несреќа е и млад кошаркар од Гостивар.

„Трагична сообраќајна несреќа синоќа ја зави Републиката во црно. Четиринаесет лица го загубија животот меѓу кои и млад кошаркар од клубот Гостивар.

Поради новонастанатата ситуација Македонската кошаркарска федерација во согласност со организаторот донесе одлука да го одложи завршниот турнир од Купот на Македонија кој требаше да се одигра претстојниот викенд.

Датумот на одигрување ќе биде дополнително одреден.

Ниту еден збор нема да биде доволна утеха за блиските на настраданите.

Искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите.“ – стои во соопштението од МКФ

Strugaonline

 

Facebook Коментари