Време: Денеска облачно со локален снег, од утре затоплување

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 3 до 9 степени. Во наредните три дена ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и високи дневни температури кои на места во понеделник ќе достигнат и до 16 степени. Викендов максимална температура до 14 степени.
Извор: УХМР

