Царинската управа заплени скијачка опрема и велосипеди испратени од Швајцарија а наменети за лице од Струга

- Локални
967

При контрола на македонски камион, натоварен со употребувани производи од испраќач од Швајцарија, наменети за физичко лице од Струга, пријавени за увозно царинење во царинската испостава Струга, биле пронајдени 84 пара скии, 26 пара скијачки чизми, 16 скијачки кациги, 50 скијачки стапови, 6 даски за скијање, 7 велосипеди и 1 клима-уред инвертер, кои не биле опфатени со царинската декларација. Производите се привремено задржани, а против увозникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Извор и фото: Царинска управа

Strugaonline

Facebook Коментари