После три недели пауза поради дефект, од денеска повторно ќе се вршат операции во струшкото хирушко одделение

- Локални
772

Oткако повеќе од три недели не работеше оперативниот дел на хируршкото одделение во струшката болница поради дефект на опремата за анестезија односно гасната станица, раководителот на одделението за анестезија,  Ацо Велјаноски, за Strugaonline потврди дека денеска дефектот ќе биде отстранет и дека мајсторите започнале со работа. Велјаноски истакна дека за денеска веќе се закажани операции на пациенти во хирушкото одделение.

Инаку, изминативе три недели итните случаи се праќаа во болницата во Охрид.

Strugaonline

Facebook Коментари