Од средината на март започнуваат авио летовите од Охрид до Малме и Милано

- Локални
898

Од средината на следниот месец нискобуџетната авикомпанија „Визер“ ќе започне да оперира на две од четирите новововедени дестинации до охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Согласно новиот договор со македонската Влада за финансиска поддршка за евтини авиолинии од 18-ти март започнуваат летовите од Малме, а ќе оперираат два пати неделно во понеделник и петок. За Милано пак летовите почнуваат следниот ден, на 19-ти март и ќе сообраќаат во вторник и сабота.
Согласно договорор од јули ќе бидат воспоставени и другите две линии од Охрид до германските градови Меминген и Дортмунд.

Од скопскиот аеродром пак во март ќе бидат отворени две нови линии кон Баден-Баден и Бремен во Германија, а потоа од јули и кон Ларнака во Кипар и Турку во Финска.

Финансиската поддршка што ја обезбедува Владата е 312 милиони денари или околу пет милиони евра за период до 2022 година. За 2019 година предвидени се 86 милиони денари, за 2020 и 2021 година предвидени се 104 милиони денари, додека за 2022 година – 17 милиони денари.

извор: ОхридПрес

фото: архива

Facebook Коментари