Опожарена штала кај „Дијализа“, ТППЕ-Струга апелира до сточарите и земјоделците да не ги палат стрништата

- Локални
832

Денеска во 13:52 часот од страна на случаен минувач  во ТППЕ- Струга е пријавен опожарен објект (штала). Шталата се наоѓа позади болницата „Дијализа“.  Со навремената дојава и брзата интервенција на ТППЕ Струга спречена е голема материјална штета и спасен е целокупниот објект .

Од ТППЕ апелираат до сточарите и земјоделците да не ги палат стрништата бидеќи опасноста од неконтролирано ширење на пожарот е огромно и може да ја загрози безбедноста на граѓаните или нивните материјални добра .

Strugaonline

Facebook Коментари