Големиот празник Прочка вчера го најави почетокот на Велигденските пости кои започнуваат денеска.
Денеска е Чист Понеделник, симболиката на овој ден се оставарува преку чистење на куќата, при чистењето особено се внимава на садовите за храна, истите треба убаво да се измијат од мрсната храна.
Велигденскиот или Великиот пост, трае од Прочка до Велигден. Тука се 40 дена (четириесетница), од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште Страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48 дена.
Освен воздржувањето од мрсна храна, подеднакво важен е и духовниот пост кој подразбира воздржување од лоши мисли, важна е вербата во Бога, убавите желби за здравје и среќа за другите луѓе и за себе си.
Преку постот ја зацврстуваме волјата која му дава можност на духот да владее со телото.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари