Градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко и кординаторот на проектот “ToCulter” , Г-дин Арбрим Положани, денеска ги пречекаа браќата Борова, кои се реализатори на една од составните компоненти на проектот „ToCulter” како платформа за промоција на Струга како туристички град.
На средбата, браќата Борова му се заблагодарија на градоначалникот што токму нив им го довери овој проект. Тие истакнаа дека безусловната поддршката на градоначалникот кон младите за промоција на вредностите на нашиот град е од големо зачење.
Мерко потенцираше дека е подготвен да поддржува проекти и иницијативи што доаѓаат од страна на талентирани млади луѓе.
Реализаторите на проектот од градоначалникот добија слика од Струга како подарок.
Strugaonline
Facebook Коментари