Tимот на СВР Охрид информираат дека се интензивираат мерките на превентивен и репресивен план, со цел, поефикасна заштита и превенција од пожари.
– Во таа насока, а со цел натамошно позначително и покоординирано дејствување на терен, беше одржан работен состанок со претставници на Терериторијалната противпожарна единица, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за шумарство, Дирекцијата за заштита и спасување, Јавното претпријатие-шумско стопанство „Галичица“, шумската полиција и на Центарот за управување со кризи. Притоа, се договорија конкретни плански и зачестени координирани мерки на сите служби и поефикасна меѓуинституционална соработка како и нагласена и доследна примена на законските казнени одредби кон лицата кои ќе бидат затекнати како подметнувачи и предизвикувачи на пожари, информираат од СВР Охрид
Додаваат дека на превентивен план, предвидени се средби со жителите од сите населени места во општините Охрид и Дебрца, со цел нивно информирање за правилниот начин за расчистување и палење на стрништата и необработливите површини и истовреман заштита на соседните ниви и објекти.
– Договорени се мерки и со Јавните комунални претпријатија и со градежниот инспекторат за спречување фрлањето шут покрај пристапните патишта до шумите како и зачестени контроли на обработливите земјоделски површини од Инспекторатот при Министрество за земјоделство. Предвидена е обнова на ознаките за предупредување поставени по шумските терени како и формирање повеќе работни групи кои ќе ги запознаваат граѓаните за безбедносните мерки и казнените одредби, стои во информацијата испратена до медиуми од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари