Oткако пред еден час беше локализиран пожарот на планината Јабланица што вчера избувна меѓу селата Октиси и Вишни, од ТППЕ Струга за Strugaonline потврдија дека истиот за кратко време беше повторно активен поради силниот ветер. Состојбата се менува од минута во минута, па од ТППЕ Струга сега нформираа дека истиот повторно е ставен под контрола. Моментално, на терен има екипи од ТППЕ Струга и од Шумското претпријатие кои и покрај непристапниот терен прават големи напори за негово целосно ликвидирање.
Strugaonline
Facebook Коментари